понеделник, 25 февруари 2013 г.

Ел Шарави: Можевме да славиме со 3-0

Фараонот е незадоволен со резултатот од миланското дерби, тој смета дека Милан испуштил премногу шанси. Ел Шарави е задоволен со својот прв гол во градско дерби.

Јасно е дека долго ќе ја паметам оваа вечер, но она што би ја направило поубава е победа, само тоа се смета. Бевме многу добри во првото полувреме, требаше да биде 3-0, но Хандановиќ беше фантастичен. Мораме да играме цел натпревар како во текот на првото полувреме, тоа е патот.

Му реков на Балотели да се опушти, му беше чудно да игра против Интер. Нема врска што не даде гол, одигра одлично,-изјави Ел Шарави.

Нема коментари:

Објави коментар